Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Полицијата доби нови 120 современи возила

Македонската полиција се поднови со 120 нови возила од марката „Peugeot 408“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската полиција се поднови со 120 нови возила од марката „Peugeot 408“. Секоја полициска станица во Македонија ќе добие по најмалку една кола, а најмногу возила ќе добие Секторот за внатрешни работи Скопје. Автомобилите се опремени со современи технолошки карактериристики односно со дигитален радиокомуникациски систем кој се користи за координација помеѓу полициски службеници. Набавката МВР го чинело 3,2 милиони евра или 30 милиони денари помалку од предвиденото, а во цената спаѓа и петгодишно одржување на возилата.

  • „Возила коишто навистина се моќни, возила коишто во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики за да одговорат на сите предизвици, како и секоја една друга полиција во светот. Возила во рамки на коишто ги имаме најсовремените тетра системи со потребни информации, за полициските службеници на лице место да ги извршат потребните проверки на евиденција и сите анализи на податоци коишто ги имаме во рамки на Министерството,“ појасни Тошковски.

Со новите возила се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи, а власта ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти, рече премиерот Христијан Мицкоски.

  •  Би сакал да им честитам на вработените во Министерството, на министерот, на луѓето коишто го водат ова Министерство, за успешно завршената набавка, за успешно завршениот проект и она што е многу важно – се подобрува мобилноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи. Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти “ – рече премиерот.

По полициските возила, Владата ќе набавува и возила за брзата помош. Според премиерот во текот на следната година, ќе се донесе одлука да набават 100 возила за здравствените капацитети кои вредат над 7 милони евра.

Реклама
  • Вредноста на тој проект е околу седум ипол милиони евра. Во 2027-ма година ќе бидат набавени уште 50  како резултат на донација. Значи отприлика околу 150 нови возила за Итната медицинска помош ќе имаат здравствените домови. Во Скопје се вози само со 7 исправни возила, а има многу градови кои немаат  исправно возило на Итна медицинска помош. Зошто? Затоа што со децении ништо не се направило,“ рече Мицкоски.

Возилата кои ги доби македонската полиција засега нема да се користат како дел од системот Безбеден град. Според министерот, „Сејф сити“ ги регистрира сите преркшоци и подеднакво ги казнува како приватните така и службените возила. Откако статуваше пробниот период, намален е бројот на регистрирани прекршоци и ќе продолжи да регистрира прекршоци по надминување на брзина 50 км/час во градска средина. Толеранцијата до 57 км/час ќе биде наскоро имплементирана во системот, а кога ќе се случи тоа јавноста ќе биде известена.