Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Македонија

Полицаец кој работел како обезбедување на домот на поранешниот премиер Зоран Заев заработи кривична пријава

Полицаец која работел како обезбедување на домот на поранешниот премиер, Зоран Заев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицаец која работел како обезбедување на домот на поранешниот премиер, Зоран Заев заработи кривична пријава затоа што пред неколку денови пукал од службениот пиштол, а случајот не го пријавил на надлежните.

Одделот за внатрешна контрола изготвило предлог за утврдување на дисциплинска одговорност, а обвинителството поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Т.А. помлад полицаец во полициската станица во Струмица за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. Тој веднаш бил отстранет од работното место се до завршување на дисциплинската постапка. Според МВР, пријавениот на 29 јуни околу 6 часот, го напуштил работното место како обезбедување на домот на поранешен премиер, заминал на улица „Бетовенова“, каде се сретнал со лицето А.Е., брат на Е.Е. со кои претходно биле договорени да остварат средба и додека разговарале пријавениот полицацец Т.А. во еден момент со службен пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Притоа, тој не го пријавил настанот, повторно се вратил на работното место и по завршувањето на смената, се раздолжил со опремата и си заминал. Воедно, тој се обидел да делува за прикривање на настанот преку неговите колеги, полициски службеник П.П. и С.Д. кои по поднесена пријава од страна на граѓани биле испратени од страна на СВР Струмица на местото на настанот.

Реклама

Прикривањето на било пријавено од нивна страна. За споменатите полициски службеници, доставен е предлог за утврдување дисциплинска одговорност.