Реклама

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Македонија

Показна вежба „Пожар 2026“ во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”

Показна вежба „Пожар 2026“ се реализираше попладнево во ЈЗУ Специјализирана болница за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Показна вежба „Пожар 2026“ се реализираше попладнево во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. Присутни беа директорката Ленче Нелоска, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, како и командирот на Полициската станица – Ѓорче Петров, Златко Цветковиќ.

Директорката на Геријатрија, Нелоска изрази задоволство од денешниот настан.

– Бевме сведоци на спроведување вежба – исцениран пожар во нашата институција и една проверка на нашите капацитети, како ние вработените во институцијата, реагираме на една ваква закана. Целиот овој настан беше во целосна координација со Центарот за управување со кризи, појасни Нелоска во изјава за медиуми.

Реклама

Таа рече дека ризици секогаш постојат и неопходно е да се биде подготвен и свесен.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Али ја оцени вежбата за успешна и најави дека вакви вежби ќе има и во други институции. 

– Центарот за управување со кризи ја даде целосната стручна и оперативна поддршка во реализацијата на вежбата. Како директор на Центарот за управување со кризи, упатувам искрени честитки за успешната реализација на обуката. Центарот за управување со кризи и во иднина ќе продолжи со организирање обуки и вежби, со цел понатамошно јакнење на системот за управување со кризи, подвлече Али.

Градоначалникот Стојкоски истакна дека денешниот настан е од исклучителна важност, не само за нив како општина, туку и затоа што се работи за објект што е од национален и стратешки интерес, нагласи тој, единствен од ваков тип во државата, каде што престојуваат пациенти кои се со многу специфична патологија на болести, кои се тешко подвижни, во голем дел се и неподвижни.

– Ние како Општина ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори за зголемување на безбедноста на сите јавни објекти на територија на нашата општина, вклучувајќи го и овој објект иако директно не е под наша надлежност, нагласи градоначалникот.

На настанот беше кажано дека вежбата има за цел да демонстрира првичен одговор при појава на пожар, организирана и безбедна евакуација, како и функционирањето на системите и процедурите за заштита и спасување. Истовремено, да се изврши проверка на координацијата и подготвеноста на тимовите за постапување во вакви ситуации.

Беше истакнато и значењето за подигнување на свеста за важноста од навремено и соодветно постапување при појава на пожари и други непогоди.