Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Пофалби од Советот на Европа: Македонија да служи како модел за промовирање на заедничкото живеење

Македонија може да служи како модел за другите за промовирање на културата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија може да служи како модел за другите за промовирање на културата и менталитетот на заедничко живеење. Демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги и правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам. Ова стои во оценките на коизвестувачите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.

-Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја и може да послужи како модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“. Ги повикуваме властите да продолжат на овој пат и да преземат понатамошни мерки за почитување на идентитетот, правата и потребите на сите етнички групи, велат од ПССЕ.

Арслан и О’Рајли упатуваат позитивни пораки и за посветеноста за реформи во правосудството, борбата со корупцијата, слободата на медиумите и правата на малцинствата. Го поддржуваат и евроинтегративниот пат на Македонија. Сепак ти оценуваат дека постои загриженост поради „бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор“, како и поради „недостиг на ефикасни мерки за борба против овие феномени“.

Реклама

-Во меѓувреме, целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во Уставот, велат од ПССЕ.

Арслан и О’Рајли минатава недела бе во Македонија, остварија средби со собранискиот спикер Африм Гаши, претставниците на сите пратенички групи, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, првиот дипломат Тимчо Муцунски и со низа други претставници од правосудниот сектор.

Матеја Петровски