Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Подготовките на партиите за локалните избори се во полн ек

Македонската политичка сцена се загрева за претстојните локални избори закажани за средината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската политичка сцена се загрева за претстојните локални избори закажани за средината на октомври, а подготвувките на партиите се во полн ек. Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, како и опозициските СДСМ и Европски фронт, интензивно работат на изборните стратегии, кадровски решенија и теренски активности.

ВМРО-ДПМНЕ најголемиот број на кандидати ќе ги објави до крајот на јули, а за одредени општини ќе зависи и од договорот со партијата ЗНАМ, односно дали ќе се договорат да настапат заеднички само во една или можеби повеќе општини. До сега, владејачката партија има објавено 33 имиња, а кандидатот за Скопје ќе се знае следниот месец.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче веќе објави листа од 19 кандидати за градоначалници. На неа се најдоа и неколку актуелни, меѓу кои и градоначалниците на Центар, Чучер-Сандев, Kрива Паланка, Росоман, Крушево.

Реклама

„Кандидатите се избрани врз основа на најавените принципи, со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои имаат кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата – некои првпат, некои повторно“, рече Филипче.

Коалицијата ВРЕДИ дел од владејачката структура, вчера официјално го отвори својот Централен изборен штаб на плоштадот Скендербег во Скопје. Лидерите истакнаа дека ќе настапат со кандидати кои се докажани професионалци и успешни луѓе – дури и надвор од политиката. Засега не објавија конкретни имиња – во моментов воделе анкети и го испитувале расположението на граѓаните.. Иако ВРЕДИ најави дека нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, останува простор за заемна поддршка меѓу владините партнери во вториот круг.

На опозицискиот блок, Европски фронт најавува силен настап на овие избори преку обединување на ДУИ и Алијансата за Албанците. Се шпекулира дека Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари се на чекор до потпишување на официјална коалиција, која би значела координиран настап во повеќе општини и заеднички кандидати.