Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Подготовки за новата 2025-та година: Граѓаните подготвуваат новогодишна трпеза, градовите новогодишни декорации

Ситното одбројување до највеселата ноќ во годината, веќе започна. Македонските граѓани забрзано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ситното одбројување до највеселата ноќ во годината, веќе започна. Македонските граѓани забрзано ги прават последните подготовки за дочекот на Новата 2025-та година, за, како што велат, во новите 365 дена да влезат со побогата трпеза од вообичаената, но и да останат доследни на традицијата. Според нивните кажувања и годинава нема да изостане печеното месо, сармите, руската салата, кифличките, благите десерти. Секој според можностите, но и според бројноста на семејствата, кои за жал, се’ повеќе се ретчат, коментираат анкетираните граѓани.

„Па, бидејќи само двајца сме годинава сами дома, солидно, за двајцата само“.

„Кој како може. Нормално дека за Нова година секој дава повеќе“.

Реклама

„Традоционално,  си печеме месо, си печеме петле, бидејќи не можеме мисирки да си дозволиме…Поскапо е многу, многу е поскапо, не очекував,  а меркиве што ги презеде Владава, алал да им е, ама народов многу се изопачивме“.

Ние си имаме фармичка, си одгледуваме стока, си имаме се’“.

Обично, како и секогаш – сармите, свинското месо, салатите и во домашен амбиент. Како и секогаш, за храна секогаш има и секогаш се одделува, малку поскромно можеби, ама има“.

„Се’ и сешто, што ќе ни даде Господ – сарми, скара, кифлите се веќе месени. Секој ќе си оддели баш за тој убав ден колку што може, секој ќе си подготви“.

„Новата година ќе ја дочекаме дома, младите ги пуштивме да се шетаат, а трпезата – што ќе даде Господ.Тоа значи оние традиционални јадења – сарма, нешто печено. Новогодишнава кошничка така многу богата беше, па уште побогато да си поминеме, но сакам да посакам здравје, среќа и љубов“.

„За нас старите секако е исто. Како ќе даде Господ понатаму, така. Важно се’ има“, велат граѓаните.

Инаку, како што веќе е познато, и годинава, организиран дочек на Новата година, со богата музичка програма, има и на плоштадите во речиси сите градови во земјава. Во градот под Марковите Кули, за забавата од најлудата ноќ ќе се погрижат најпознатото Ди-џеј Дуо во земјава – „Цирилик“, како и групата „Балканика бенд и маестралниот прилепчанец Сашо Башески. Предновогодишната програма ќе започне утре напладне, која ќе биде наменета за најмладите, а ќе настапат дечињата од Фестивалот „Весели ѕвончиња by Јана“ на Камената бина од Плоштадот „Александрија“.

Каролина Дурло