Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Поделени над 250 топли оброци во пунктот за бездомници на Црвениот крст во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, во пресрет на најубавиот празник, учествуваа во хуманитарната акцтивност за приготување на повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст.

-Среќата е најголема кога се споделува со другите, од срце! Во пресрет на најубавиот празник, денешниот ден го посветивме на хуманоста.  Заедно со сопругата на Премиерот, госпоѓа Рози Мицкоска, мојата сопруга Мартина, познатиот готвач Марк Де Јонг и вредните ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“, со љубов и посветеност приготвивме повеќе од 250 топли оброци. Тие беа поделени во пунктот за бездомници на Црвениот крст – таму каде што секој гест значи надеж, а секој оброк значи грижа, нагласува Ѓорѓиевски во објавата на социјални мрежи.

Посочува дека во време кога дел од нашите сограѓани се соочуваат со тешки животни предизвици, наша човечка и општествена обврска е да подадеме рака.

Реклама

-Затоа што хуманоста не е избор, туку темел на едно здраво, солидарно и праведно општество. Овие луѓе ја заслужуваат нашата грижа и почит, но најмногу, дела. 
Токму затоа, со директорот на училиштето и со Марк се договоривме оваа хумана пракса да продолжи најмалку четири пати месечно, за да помогнеме на што поголем број сограѓани, вели тој. 

Ѓорѓиевски посочува дека се обврзува да работат и на обезбедување достоинствена работа за овие лица, како чекор кон полесно надминување на животните потешкотии.

-Малите дела на добрина имаат огромна моќ – да внесат светлина, надеж и верба во луѓето. Особено во време на големи празници, кога топлината на човечкото срце значи најмногу. Искрена благодарност до сите кои беа дел од оваа убава и хумана приказна. Ние ќе продолжиме, со срце, со дела и со верба дека заедно можеме повеќе, вели Ѓорѓиевски.