Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Под-тип на бактеријата салмонела е веројатно причината за масовното труење во сендвичара во Штип

Салмонела, е причината за масовното труење кај средношколците кои јаделе во сендвичарата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Салмонела, е причината за масовното труење кај средношколците кои јаделе во сендвичарата во близина на училиштето во кое учат во Штип . По направените анализи кај дел од  регистрираните пациенти, во изметот веќе  е изолирана бактеријата која  се пренесува исклучиво преку храна која соодветно термички  не е обработена. Резултати се чекаат и за останатите пациенти. Во меѓувреме во штипскиот Центар за јавно здравје, регистрирани се уште два нови случаи, со што бројот на затруени се искачи на 17.

   „Кај дел од регистрираните случаи од измет е изолирана „Salmonella enteritidis”. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се испратени во лабараторија во Институтот за јавно. Резултатите од земените примероци се уште се чекат“, велат од Центар за јавно здравје-Штип.  

 Од заболените петмина се хоспитализирани на Инфективно, во штипската Клиничка болница, а останатите 12 пациенти се лекуваат во дневна болница. Состојбата на сите хоспитализирани е стабилна, информираат од Инфективното одделение.  Освен ученици, меѓу затруените има и вработени во училиштето. 

Реклама

 Првите случаи на затруени средношколци во Штип,се регистрирани минатиот петок, откако ден претходно ученици и вработени во средно штипско училиште  на големиот одмор јаделе сендвич со стек, во блиската сендвичара. Штипските епидемилози направија анкетирање на сите пријавени лица. Извршена е едукација на вработените во сендвичарата, а направен е и вонреден и санитарен преглед на објектот. По наредба на инспекциските служби на АХВ и Државниот здравствен инспекторат, сендвичарата  времено ќе биде зтворена, се до добивање на официјалните резултати.