Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Под превезот на „црвени линии“, барањето на Филипче е: Да ги вметнеме Бугарите во Уставот, па после ќе му мислиме

Резолуцијата на СДСМ за црвените линии во преговорите со Бугарија само ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резолуцијата на СДСМ за црвените линии во преговорите со Бугарија само ќе ги ослабне позиициите на македонската влада и ќе направи простор за нови сопки на евроинтеграцискиот пат. Јасно е дека македонската влада упорно се бори бадијала да не се внесуваат Бугарите во Уставот и бара гаранции дека тоа ќе биде последно остапување, додека опозицијата инсистира на парламентарно мозинство за уставни промени.

Желбата на лидерот Венко Филипче, Бугарите во Уставот, старт на преговорите, па ако се родат нови услови коишто задираат во националните интереси, да кренеме раце, ќе создаде хаос во ЕУ, а никаде не постојат гаранции дека од Македонија нема да се бараат нови отстапки. Дел од политички аналитичари коментираат дека резолуција треба да се донесе, откако сите  политички партии ќе се договорат и има единство по ова прашање, а не опозицијата да инстистира на ново македонско остапување и задоволување на желбите на Бугарија. Со резолуцијата, СДСМ само ќе ја ослабе македонската страна, подвлекува Ристевски.

Софискиот парламент досега неколкупати изгласа резолуции за македонското прашање. Официјална Софија порача – Нема да отстапиме ниту сантиметар од договореното. Бараат Бугарите да влезат во македонскиот устав и цврсто застанаа зад компромисот од јули 2022 што го направи тогашната влада на СДСМ: Единството што сега го споменува Филипче е многу поразлично бидејќи и покрај ставот на македонските граѓани дека не се согласуваат со уставни измени, како и ставот на владата, сепак Филипче инсистира, Македонија да и попушти на бугарската страна.

Реклама

Лидерот на СДСМ веќи има изјавено дека дека ќе ја жртвува својата политичка кариера, ако ги внесеме Бугарите во Уставот. Социјалдемократите изгубија едни избори поради овие нивни барања.

Познавачите коментираат дека најавената резолуција на Филипче има две цели. Да го вовлече ВМРО ДПМНЕ во кашата во која се самите тие, откако го приифатија францускиот предлог, а претходно го сменија името и наредот ги нарече предавници, и да им се додворат на странците порачувајчи им дека ќе ги направат сите отстапки само да се вратат во владините фотелји.