Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Почнуваат информативните сесии за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“

Во организација на Канцеларијата за програмата на ЕУ „Креативна Европа“ при Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Канцеларијата за програмата на ЕУ „Креативна Европа“ при Министерството за култура и туризам, од денеска почнуваат информативните сесии за програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ („Култура“ и „МЕДИА“) во просториите на „Europe House“ во повеќе градови во земјава. 

Првата сесија се одржувва денеска од 12:00 до 14:00 часот во Струга, утре е закажана сесија во Крива Паланка од 12 до 14:00 часот, на 24 ноември од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи во Скопје, на 25 ноември од од 12:00 до 14:00 часот во Велес, на 26 ноември од 12:00 до 14:00 часот во Струмица, на 2 декември од 13:00 до 15:00 часот во Битола и на 3 декември од 12:00 до 14:00 часот во Тетово. 

Во текот на сесиите, Канцеларијата за „Креативна Европа“ ќе ги информира присутните за актуелните и за претстојните повици на програмата „Креативна Европа“ („Култура“ и „МЕДИА“), а ќе обезбеди и практични насоки за процесот на аплицирање. По завршувањето на настанот, заинтересираните учесници ќе имаат можност за индивидуални консултации.

Реклама

Настаните се од отворен карактер и се наменети за организации, уметници и професионалци од културниот, креативниот и од филмскиот сектор, со цел да се поттикне нивна активна вклученост во европските проекти и да се унапреди нивниот професионален и институционален развој, се наведува во соопштението.