Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Почнува собирањето потписи за Претседател и за пратеници

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започна денеска и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на државната изборна комисија. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10. 000 потписи од запишаните избирачи во избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.
ВМРО-ДПМНЕја предлага професорката Гордана Силјановска Давкова, СДСМ објавија дека нивен кандидат ќе биде актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски. Кандидатите за претседател вчера ги соопштија и ДУИ кои го предлагаат министерот за надворешни работи Бујар Османи и движење ЗНАМ кои ќе настапат со лидерот Максим Димитриевски. , Стевчо Јакимовски е кандидат на ГРОМ, партијата што ја предводи, професорката Билјана Ванковска на Левица, Арбен Таравари на албанската опозициска коалиција ВРЕДИ . Својата независна кандатура за претседател во октомври, лани, прв ја најави Вело Марковски.
Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до дик најдоцна до 19 март, на полноќ…..Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, додека вториот круг од изборите е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.