Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Почнува новата академска 2025/2026

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денеска во Скопје ги отвори вратите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, денеска во Скопје ги отвори вратите за новата генерација студенти. На шестте факултети на УКИМ годинава се запишани над 10.000 студенти од кои 5100 за првпат ќе ја почнат својата академска приказна, или за 300 повеќе од минатата година, како и уште 400 странски студенти. Министерката Јаневска изрази надеж дека студентите по завршувањето на студиите ќе останат во својата татковина и тука ќе ја градат семејната иднина. Според неа тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија.

„На студентите им овозможивме го проширивме опсегот на студентскиот оброк, олеснивме критериуми за стипендиите, ги откочивме процесите во студентските домови, процесот на двата факултети ФИНКИ И ФФК. Наставниците добија 14% зголемена плата, што значи дека правиме се за да го подобриме квалитетот на образованието. Годинава за првпат студентите и наставниците имаат бесплатен пристап до две огромни бази Web of science, како и базата Scopus, студентите ќе добијат ваучери, од 250 евра по изборите“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Решен е проблемот и со бесплатниот јавен превоз на студентите во Скопје, децидна е Јаневска. Изгласан е и закон со кој студентите ќе добијат вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет или лаптоп. Рекотрката Ангелова изрази задоволство од реформите, особено во делот на дигитализцаијата и воведениот електронски индекс.

Реклама

„Новата генерација која денес почнува со студиите ќе биде целосно дигитализирана. Сите студентски сервиси се комплетно дигитализирани и јас оваа генерација можам да ја наречам електронски индекс генерација. Оваа генерација почнува со електронски индекс, а и сите кои веќе се запишани од оваа учебна година ќе го користат електронскиот индекс што значи комплетно сите услуги, сите сервиси за студентите се дигитализирани, рече Биљана Ангелова, ректор на УКИМ“.

Ангелова очекува дигитализацијата комплетно да биде завршена до крајот на оваа учебна година. За иднината полна со предизвици, зборуваат и самите бруцоши – со надеж дека знаењето ќе биде нивниот патоказ.

„Предизвикувачка година ќе биде ова, но одлучив да останам тука, мислам дека има одлични услови.“

Претседателот на Националното студентско тело, Александар Николовски на бруцошите им порача дека не се сами и дека секогаш кога ќе имаат потреба за помош да не се двоумат да ја побараат од постарите колеги, асистентите и професорите.