Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Економија

Почнува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ за директна комуникација со земјоделците

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство стартува денеска со првата трибина што ќе се одржи во Домот на културата во општина Босилово, со почеток во 18 часот. 

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директната комуникација со земјоделците е од големо значење.

– Ресорот земјоделство неминовно мора да има постојана и директна комуникација со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат, истакна министерот синоќа во телевизиско интервју. 

Реклама

Во рамки на кампањата се формирани два големи тима кои ќе посетат над 30 општини, како и шест помали тимови кои ќе опфатат повеќе од 120 населени места. Средбите ќе се организираат секој петок, среда и сабота, во зависност од типот на тимовите. 

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска на својот фејсбук профил напиша дека извоз на брашно не смее да се дозволи.

На прес-конференција во неделата, министерот најави дека во малите тимови ќе учествуваат директорите на клучните институции – Даниела Иротова од Платежната агенција, Филип Филиповски од АД Водостопанство, Васе Анакиев од Државниот инспекторат за земјоделство, Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство, Здравко Трајанов од ЈП Национални шуми. Еден од тимовите ќе предводи министерот, појаснувајќи дека во активностите ќе се вклучат и останатите директори од секторот, како и локалните структури на Министерството.

Целта, според него, е да се слушнат предизвиците и идеите на земјоделците. На средбите ќе се разговара за тековните проблеми со кои се соочуваат земјоделците, нивните предлози за унапредување на производството, како и за спроведените мерки и политики во изминатите две години. Земјоделците имаат суштинска улога за државата и тие, нагласи Трипуновски, не се само производители, туку двигатели на руралниот развој, чувари на традицијата и клучен фактор за стабилност на домашниот пазар.

Министерот упати повик до земјоделците активно да се вклучат во кампањата нагласувајќи дека најдоброто од Македонија доаѓа токму од македонските ниви и вредните раце на нашите чесни, работливи земјоделци.