Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Почнува изработката на Национална ИКТ-стратегија

Колку повеќе дигитализирани, толку помалку корумпирани. Владата ја крои националната стратегијата  …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку повеќе дигитализирани, толку помалку корумпирани. Владата ја крои националната стратегијата   за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој. Дигитална трансформација во служба на граѓаните, достапни и ефикасни услуги и борба против присутната корупција со искористување на дигитализацијата е еден од врвните приоритети на Владата, рече премиерот Мицкоски.

,,Токму во таа насока беше и воспоставување на ново наменско министерство за дигитална трансформација кое е носител на дигиталните политики на владата и кое работи на сеопфатни хоризонтални решенија и платформи. Создаваме систем во кој секој ќе добие можност да се вклучи, систем кој ќе го трасира патот на рамномерна корист на сите со оптимизирани ресурси без преокупирање на активностите и проектите,, нагласи Мицкоски.

Во таа насока како што вели премиерот било и создавањето на ново, наменско министерство за дигитална трансформација кое е носител на дигфиталните политики на Владата. Министерот Андоновски си постави за цел Македонија да биде на ниво на развиените европски земји.

Реклама

,,Тоа се четирите столба: Развојот на дигиталната транформација, унапредувањето на дигиталните вештини на нашите граѓани, модернизација на јавните услуги и поддршка на дигиталната транформација на бизнисите, иновациите и преприемништвото, кажа Андоновски.

 Во изработка на стратегијата ќе бидат  вклучени повеќе експерти од образовниот и граѓански сектор. Според Владата неопходно е да чекориме во ист ритам со светот кој напредува со огромна брзина, а пристапот до дигиталните технологии и нивно подведување во функција и интерес на човекот и нивното правилно искористување, како што рече премиерот  отвора нови хоризонти и перспективи за сите.

Даниел Ѓорѓевски