Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Почнува Фестивалот за ментално здравје „Иницирај промена! Креирај гласно“

Во Националната галерија – Мала станица во Скопје, од 9 до 15 јуни ќе се одржи првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на здружението „Биди Човек“, со поддршка од повеќе ротари клубови. Фестивалот ќе биде отворен денеска во 19 часот со изложба на младински уметнички дела и панел-дискусија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Националната галерија – Мала станица во Скопје, од 9 до 15 јуни ќе се одржи првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно“, во организација на здружението „Биди Човек“, со поддршка од повеќе ротари клубови.

Фестивалот ќе биде отворен денеска во 19 часот со изложба на младински уметнички дела и панел-дискусија на тема „Менталното здравје кај младите“, на која ќе учествуваат експерти од областа на медицината, психологијата и уметноста.

Настанот е резултат на едукативни и креативни работилници во кои младите, преку уметничко изразување и дијалог, ги споделувале своите размислувања и емоции поврзани со менталното здравје.

Реклама

Во рамки на седумдневната програма се предвидени работилници, квиз, специјализирани сесии за ментално здравје во спортот, креативни активности, како и театарска изведба. Изложбата ќе биде отворена за посетители во текот на целиот фестивал.

Организаторите истакнуваат дека целта е да се поттикне отворен дијалог за менталното здравје и да се даде простор на младите гласно да ги изразат своите ставови и искуства, при што собраните донации ќе бидат наменети за идни работилници и поддршка на млади.