Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

Почна судењето за случајот „Адитив“ во кој се проневерени 6,5 милиони евра

30 на обвинителна клупа, еден болен и еден во бегство. Почна судењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

30 на обвинителна клупа, еден болен и еден во бегство. Почна судењето за злоупотребите во државните електрани во кој освен физички, обвинети се и пет правни субјекти. Групата обвинети за проневера на 6 ипол милиони евра се здружила за да се збогати на сметка на државата иако таа добро ги плаќала и им дала доверба да водат еден од најважните сектори – производството на струја. Обвинителството ќе докажува дека групата на чело со поранешните директори на  ЕСМ, Васко Ковачевски и Васко Стефанов и раководните структури во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, преку пререгистрација на фирми и договарање меѓу економски оператори местеле тентери за набавка на адитиви за јаглен. Ги плаќале неколку кратно по повисока цена, а адитивите не само што не се користеле туку биле и опасни по здравјето на луѓето. Според обвинителството, парите од зделките ги вратиле во оптек и ги прикривале преку трансакции и подигнување готовина.

  • „Ќе докажеме и институционална и морална распаднатост во ЕСМ. Обвинителството со докази ќе докаже дека пред нас стои злосторничко здружување на кои државата им доверила еден од најважните системи, за производство на струја. Наместо чесно да ја и вратат на државата која високо парично ги наградувала, тие ја злоупотребиле положбата со цел да се збогатат“, вели Наташа Поп Трајков.

Поранешните вработени под државна капа, негираат вина, но обвинителството ќе докажува дека организираната шема биле за лични интереси и богатење, а обвинетите ги вклучиле семејствата и нивни блиски познаници.

Поранешниот прв човек на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е првообвинет се бара со меѓународна потерница и него ќе му се суди во отсуство. За обвинетиот Саша Крстевски, судот одлучи постапката да се води одвоено, поради здравствени причини.

Реклама

Обвинетите се товарат за повеќе кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, наместени јавни набавки и перење пари.

Продолжува истрагата и за претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска која со уште двајца други е осомничена во истиот предмет. Според доказите, таа му споделувала информации од предмети на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојновиќ кој е веќе обвинет во предметот.

Обвинети се и пет правни лица помеѓу кои „Хем Алијанс ДООЕЛ Неготино“, „Дади Трејд ДООЕЛ Велес“, „Контракси компани“ и стоматолошка ординација од Велес. Нивните претставници исто така негираа вина. Следното рочиште е на 26 јуни.