Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“

Започна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“,во рамки на која од денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“,во рамки на која од денеска до недела во Кавадарци традиционално се реализираат бројни активности во чест на грозјето и виното.

Од локалната самоуправа соопштија дека и оваа година се дочекуваат сите гости кои ќе бидат дел од најголемата гроздоберска приказна во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Оттаму споделија дека на трите бесплатни влеза во градот, денеска, утре и во недела, покрај информациите за паркирање и насочување, гостите ќе ги пречека и едно мало, но, автентично тиквешко изненадување.

– Пакетче со бело и црно грозје од „Кав комерц“ – Кавадарци, подготвено специјално за посетителите на фестивалот – како симболично „добредојде“ од градот кој живее со грозјето и виното. Со грбот на Општина Кавадарци и логото на „Тиквешки гроздобер 2026“, ова мало внимание носи голема порака – традицијата ја пречекува иднината, а Кавадарци ги пречекува своите гости со отворено срце. Очекуваме посетители од земјава и странство, да бидат дел од празникот што секоја година ја раскажува најубавата приказна за нашиот град – информираа од Општина Кавадарци.

Реклама

Фестивалот на грозјето и виното започна со гроздоберска трпеза среде Кавадарци. На трпезата можеа да се вкусат грозје и маџун од гроздови зрна, како и кавадаречки пишии и сирење.

Покрај Гроздоберска трпеза, имаше и дефиле на Здружение на пензионери.

– Карневалското дефиле со учество на бројни карневалски групи од државава и светот, е утре попладне, а детскиот карневал, во недела – споделија од Општината.

На агендата денеска е и традиционалниот турнир „Сестри Китеви“ во спортската сала „Јасмин“, а во Вински музеј попладне ќе има прием на претставници од Европската федерација на карневалски градови.

Вечер во Музеј – галеријата, Куќа на мирис и вкус, ќе се одржат свечена академија и промоција на монографија, „50 години Музеј галерија – Кавадарци“.

Од Општината рекоа дека во рамките на фестивалот, ќе има и многубројни други интересни содржини.