Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Почна со работа новиот состав на Советот на Општина Виница, Гоце Василев избран за претседател

Со конститутивна седница и верификација на мандатите, денеска во Виница официјално започна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со конститутивна седница и верификација на мандатите, денеска во Виница официјално започна со работа новиот состав на Општинскиот совет. Од вкупно петнаесет советници, мандатите им беа потврдени на четиринаесет, додека еден ќе биде разгледан дополнително на наредната седница.

За претседател на Советот едногласно беше избран Гоце Василев, претставник на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во своето прво обраќање, Василев најави дека ќе работи посветено и транспарентно, со цел да се унапреди квалитетот на живот во општината и да се поттикне конструктивна соработка меѓу сите советници.

-Советот треба да биде пример за одговорност и работа во интерес на граѓаните. Верувам дека заедно можеме да носиме решенија кои ќе значат подобра иднина за Виница, истакна новоизбраниот претседател.

Реклама

И од опозициската советничка група пристигна поддршка за изборот, со порака дека ќе следи партнерски пристап и отворен дијалог, сè додека работата на Советот се одвива непристрасно и без политички влијанија.

Со конституирањето на новиот состав, Општина Виница влегува во нов четиригодишен мандат на локалното законодавно тело, кое ќе има клучна улога во развојот на локалните политики и проектите од јавен интерес.