Реклама

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Македонија

Почна пробниот период за системот „Безбеден град“ – од 1 јануари ќе има казни

Ако наместо 50 возите 80, или трепка жолто а вие давате гас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако наместо 50 возите 80, или трепка жолто а вие давате гас за да поминете побрзо, казната ќе ви стигне во порака, засега само опомена.

Почна пробниот период на полицијата за тестирање на системот Безбеден град. Сите прекрошоци кои ќе ги сторите како возач, а системот ќе ги регистрира, ќе добиете СМС порака, а меил на електронската адреса која сте ја запишале при регистрација на возилото, со линк за преземање на Записник за сторен прекршок со платен налог. 

Камерите од „Сејф сити“ ќе снимаат околу 100-тина булевари и крстосници, помали и поголеми улици. Поминување на црвено, прекорачена брзина, но и  изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила се главните прекршоци кои ќе се санкционираат со видео наздзорот. Во следната фаза од проектот се планира проширување на видот на  сообраќајните прекршоци. Освен во Скопје, камерите веќе снимаат и во Куманово и Тетово. Граѓаните во главниот град сметаат дека со Сејфт сити ќе се стави некаков ред во сообраќајниот хаос. Само со парични казни може да се влијае, сметаат анкетираните пред камерата на Алфа.

Реклама

Од МВР, велат нема да има толеранција  и никој нема да може да избегне казна доколку не се придржува до сообраќајните правила и прописи, без разлика дали се работи за населено место или надвор од населено место.

Доколку возачот ја прифаќа одговорноста за прекршокот што го сторил, во рок од осум дена од кога го примил записникот ќе плати половина од изречената глоба, во спротивно ќе мора да ја плати цела сума за изречената казна. Тоа ќе може да го стори и електронски.

  • Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови не се плаќаат трошоци на целокупната постапка. Странец, како и државјанин на Македонија кој што со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не ја платил глобата МВР ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата“ изјави Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Доколку прекршокот што сте го сториле предвидува и одземање на возачка дозвола, МВР ќе иницира поведување на прекршочна постапка до надлежен суд. МВР досега во неколку наврати правеше пробни тестирања на Сејфт сити, а се поставија и 10-тици нови камери. Од 5 до 11 илјади прекршоци дневно редистрирал системот, што според надлежните ниту една полиција не би можела да ги изрече. Но за да се стави ред во сообраќајот, а и да се намали бројот на жртвите од сообраќајните незгоди кој во Македонија е поголем од европскиот просек, надлежните се решени системот да се прошири насекаде низ државата.

https://youtu.be/7r-7zJk1Wcc