Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Студено време, млаки радијатори – почна грејната сезона

Млаки радијатори за скопјани. Ниските температури две недели порано ја стартуваа грејната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Млаки радијатори за скопјани. Ниските температури две недели порано ја стартуваа грејната сезона. Дел од скопјани веќе чувствуваат минимално затоплување во домовите и велат дека топлата вода навреме протече во радијаторите. Но има и такви кои се жалат дека во нивните станови, грејните тела се уште се ладни. Велат навремено ги плаќаат сметките па очекуваат топли радијатори посебно постарите и оние кои имаат мали деца .

Според регулативата, грејната сезона почнува предвреме само кога средната дневна температура ќе падне под 12 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи за денес најавија пониски температури некаде околу 10 степени, и со тоа се исполните условите за почеток на греењето. Од АД ЕСМ (Електростопанство на Македонија) уверуваат дека системот е подготвен и условите за производство и испорака се исполнети. Апелираат граѓаните да ги проверат своите внатрешни инсталации и редовно да ги плаќаат сметките за струја, за топлината да стигне без прекини. Екипите се подготвени за интервенции на терен, доколку се појават проблеми со испораката. Заедниците на сопственици треба да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица.

Граѓаните очекуваат топлината да стигне во нивните домови рамномерно и без проблеми во сите делови на градот. Тие ќе можат секој ден до 15 октомври, на веб-страната на ЕСМ да проверат дали се исполнети условите за греење за наредниот ден. Во Скопје преку овој систем има 62.600 активни потрошувачи.