Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Почна дистрибуција на опомени за неплатени даноци во општина Куманово

Општина Куманово почна со дистрибуција на опомени за неплатен данок на имот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово почна со дистрибуција на опомени за неплатен данок на имот за физички лица, како и решенија за присилна наплата за обврски од 2024 година, информираа денеска од Секторот за даноци и такси.

-Процесот стартуваше во понеделникот и опфаќа вкупно 22.873 решенија за опомени, со вкупна вредност од 46.157.735 денари, како и 12.073 решенија за присилна наплата за 2024-та во вредност од 22.094.497 денари, изјави раководителот на Секторот, Ненад Стојановски.

Дел од овие решенија се наплатени, вели тој и упати јавно извинување до сите граѓани кои во периодот од 7 ноември, до денес го имаат исплатено долгот, а сепак ќе добијат опомена или решение.

Реклама

Причината за тоа, како што појасни Стојановски е административно пролонгирање на процесот на печатење и дистрибуција на решенијата, поради доцнење од страна на АД Македонски пошти и потребата од дополнителен тендер за печатење. Решенијата биле генерирани уште на 7 ноември, но нивната испорака се одложила повеќе од три месеци.

Стојановски потенцира дека граѓаните кои веќе го платиле долгот не треба да ги земаат предвид добиените опомени, а за сите нејаснотии можат да се обратат во Секторот за даноци и такси.

Во однос на дисциплината на обврзниците во Куманово, Стојановски оцени дека таа е на високо ниво.

– Над 72 проценти од граѓаните го исплатиле данокот за 2024 година, додека за 2025 година наплатата изнесува 56 отсто, пред преземање на присилни мерки. Општината нуди и можност за електронска наплата преку платформата e-naplata.kumanovo.gov.mk, со цел олеснување на постапката и намалување на турканиците во банките кои ја користи помладите. Сите кои имаат недоразбирања, нејаснотии, слободно нека се обратат до секторот, тука сме да помогнеме и да ги надминеме, повика раководителот на секторот.

Од Општина Куманово најавуваат дека по завршување на тековната дистрибуција ќе следуваат дополнителни мерки за оние мал број обврзници кои сè уште не ги исплатиле своите обврски, но оценката е дека генерално наплатата во Куманово останува стабилна и задоволителна.