Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Почина поранешниот американски претседател Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, почина вчера во својата 100-та година од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот американски претседател Џими Картер, почина вчера во својата 100-та година од животот. Картер беше претседател на САД од 1977 до 1981 година. Во време на неговиот мандат, се соочи со тешки економски предизвици и заложничката криза во Иран, но истовремено постигна големи успеси, како што е мировниот договор меѓу Израел и Египет. По завршувањето на неговиот мандат, Картер ја доби Нобеловата награда за мир за неговата хуманитарна работа.

Во последните години од својот живот, Картер се бореше со здравствени проблеми. Неговата сопруга, Розалин Картер, почина во ноември 2023 година. Актуелниот претседател, Џо Бајден, го опиша Картер како „неверојатен лидер“, хуманист и државник. Истакна дека Картер придонел за мир, напредок во човековите права, слободни и фер избори и ја поддржал борбата за граѓански права.

Картер почина во својот дом во Плејнс, Џорџија, опкружен со своето семејство. Погребот на Џими Картер ќе биде на 9 јануари, а Бајден овој датум го прогласи за национален ден на жалост низ САД и нареди американските знамиња да бидат на половина копје 30 дена.