Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

По повеќе од два месеца во Дебар укината рестрикцијата во водоснабдувањето

По повеќе од 70 денови, укината е рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од 70 денови, укината е рестрикцијата во водоснабдувањето во Дебар и село Долно Косоврасти.

  • Рестрикција воведовме на 30 јуни, на што бевме принудени, откако нашите апели таа рационално да се користи беа попусти. Корисниците продолжија со злоупотреба на водата за пиење, за наводнување зелени површини, градини, миење на дворови па дури и тротоари и улици пред секоја куќа, изјави Нертиљ Османи, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

Дополнително потрошувачката беше зголемена и со големото присуство на иселениците, кои летниот одмор го минуваат во родниот крај.

Снабдувањето сега е нормално. Моментно во главниот резервоар во градот пристигнуваат над 120 литри вода во секунда.

Реклама

Управата на „Стандард“, кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, воведе рестрикција во населбите „Венец еден“ „Венец два“ „Тараник“ „Ќернаница“ и тоа во период од 13:00 до 16:00 часот, а во текот на август и по најмалку три часа во текот на ноќта.

Прекин во снабдувањето имаше и во Долно Косоврасти и тоа од 10 до 13 часот

Инаку, Дебар со вода за пиење се снабдува од изворите во малореканското село Росоки, преку водоводот Росоки-Дебар, но и селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот, а од кракот што се издвојува кај Мелнички Мост и дел од општина Центар Жупа.