Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

По кризата во Германија текстилниот сектор во Македонија во слободен пад – нарачките опаѓаат, работниците остануваат без работа

Кризата во Германија, го клекна македонскиот текстил. Се намалуваат нарачките , а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризата во Германија, го клекна македонскиот текстил. Се намалуваат нарачките , а поради тоа опаѓа бројот на работници. Секојдневно има најава за отпуштање и затварање на производствени капацитети. Неофицијалните податоци говорат дека минатата година се затворени минимум десетина конфекции. Речиси сите се во источниот дел на државата.

„Јас немам точен попдаток, но од она што ми го кажуваат колегите, на околу десеттина конфекции им е ставено клуч на врата. Сите се речиси од источниот дел….и тие што не затврат ги намалуваат работниците, особено со заминување на постарите работници во пензија и немат намера да вработат нови луѓе и да ја одржт дејноста на она ниво што било порано„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Единствено сега што се работи во македонските конфекции се ситни налози со по стотина парчиња, нарачки кои поради малиот обем конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. Немањето на работна сила, како и високите трошоци на домашниот пазар, се причини поради кои македонскиот текстил станува неконкурентен. Од некогашните 65.000, во моментот во македонските конфекции работат околу 25.000 работници.

„Од 2010 па наваму производството на облека се наоѓа во постојано опаѓање на бројот работниците, а со тоа опаѓа и бројот на работници и извозот. После корона кризата тоа опаѓање се засили, особено дојде до израз со проблемите што ги има германската економија, како наш најголем партнер. Почетокот на војната во Украина и енергетската криза, тоа предизвика пад на побарувачката на текстилни производи во Германија, што директно влијеше на работењето на нашите конфекции„ изјави Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Реклама

За 2024 година извозот на текстилната и кожарската индустрија изнесува 518.5 милиони долари и е 6,15% од вкупниот извоз на државата. Висока застапеност со околу 93% има на лон производството , а само 7% отпаѓаат на класичното производство