Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Свет

По изборите во Бугарија почнуваат калкуалциите за тоа кои партии би ја формирале владата

И покрај победата на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај победата на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, се соочува со предизвикот да формира стабилна влада.

Иако неговата партија освои најмногу гласови со 26,40%, Борисов нема доволно мандати за еднопартиско мнозинство, па затоа ќе мора да коалицира со неколку други партии во парламентот за да го обезбеди потребното мнозинство. Според аналитичарите, ќе му бидат потребни од три до четири коалициски партнери за да формира функционална влада.

Борисов јасно стави до знаење дека е подготвен за соработка со речиси сите партии што влегоа во парламентот, освен со преродба на Костадин Костадинов. Според резултатите, на второ место е коалицијата на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија„, На трето место е ДПС на Делјан Пеевски. Следат останатите партии, меѓу кои и бугарската социјалистичка партија, „Има таков народ„ на Слави Трифунов и новите партии „Величие„ и „Меч„, кои ќе имаат клучна улога во можната коалициска структура. „Преродба не е наш избор за коалициски партнер,„ истакна Борисов, додавајќи дека приоритет му е соработка со партии кои ќе ја поддржат неговата визија за стабилност.