Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

По години чекање, пациентите со мултипла склероза добиваат полесен пристап до терапија

По години и години чекање и неизвесност, пациентите со мултипла склероза конечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години и години чекање и неизвесност, пациентите со мултипла склероза конечно ќе добијат полесен пристап до неопходните лекови. Терапијата се децентрализира. Наместо само на Клиниката за неврологија во Скопје, лековите отсега ќе бидат достапни и во ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница во Штип и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Пациентите велат дека се задоволни од соработката со институциите. Посочуваат дека терапијата навремено ја добиваат, а дополнителна надеж дава и фактот што буџетот за лекови во последните неколку години е тројно зголемен.

Според директорот на ФЗО децентрализацијата на терапијата за болните од мултипла склероза ќе го намали драстично притисокот на Клиниката за неврологија.

И покрај тоа што пациентите навремено ја добиваат потребната терапија, на Клиниката за неврологија и понатаму недостига најважната алка – магнетната резонанца..Од Клиниката уверуваат дека овој апарат ќе биде набавен во најскоро време.

Реклама

Невролозите откриваат уште еден тивок страв со кој живеат жените со мултипла склероза, стравот дали некогаш ќе можат да станат мајки.Но медицината денес носи нова надеж. Со современите терапии, велат лекарите, бременоста кај жените со оваа дијганоза е многу побезбедна отколку порано.

Во Македонија со мултипла склероза живеат околу 2.500 луѓе, а секоја година се дијагностицираат приближно 100 нови пациенти.