Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

По два дуели во кои според јавноста изгуби 2:0 од Сиљановска-Давкова, Пендаровски не се појави на третиот

Стево избега од класен час – ова е една од најсподелуваните реченици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стево избега од класен час – ова е една од најсподелуваните реченици на социјалните мрежи, откако на претседателска дебата на јавниот сервис не се појави актуелниот и кандидат за нов мандат за шеф на државата.

По одржани две дебати од вториот круг на изборите, на кои според судот на јавноста, Силјановска доминираше, се чини дека Пендаровски реши на третата, организирана на МТВ да не се појави.

Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, вчера објави дека ќе дебатира со празно столче на третата претседателска дебата на МТВ, на што нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски реагираше дека терминот за дебатата на МТВ никогаш не бил договорен.

Реклама

Сиљановска Давкова, на социјалните мрежи, објави фотографија на која е сама во студиото на МТВ, како најава,  по што Пендаровски, во објава на Фејсбук и одговори дека „единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“.

Пендаровски, пак, наместо во јавниот сервис беше на собир со граѓани во скопски Центар. Оттаму порача дека ниту имало договорено соочување ниту бил договорен термин на Македонската телевизија.

Од МТВ пак, во соопштение до медиумите, ги отфрлија информациите дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел, нагласувајќи дека тие, на 26 април 2024 година, упатиле покани за предизборно соочување до кабинетите на кандидатите со предложени три датуми – 1 мај (среда), 2 мај (четврток) и 6 мај (понеделник).

Од тимот на Пендаровски, додава МТВ во реакцијата, немало одговор до 1 мај по што повторно испратиле порака до тимот да се изјаснат за дуелот. Во одговорот што го добиле, додаваат од МТВ, стоело дека не можат да ја организираат агендата и оти не можат да успеат.

Во духот на професионалноста, јавниот сервис понуди и одделни интервјуа за двајцата кандидати, но од тимот на Пендаровски известија дека нема простор ни за тоа иако јавниот сервис во телефонски разговор остави можност за кој било од наредните денови до изборниот молк“ велат од МРТВ.

Во тек на кампањата за вториот круг досега се одржаа две претседателски дебати, но и на двете, наместо аргумети и програма, Пендаровски се служеше со упаднување во збор на Силјановска, напади под појасот, како и нервозно однесување.

Господине – госпоѓо

Бидете џентлмен, не вие бидете џентлмен“ беше дел од дебатата.

Според јавноста однесувањето на Пендаровски на дебатите е далеку од тоа како треба да разговараат двајца професори.

Дали го помилувавте Бедри Зекири?

Не е помилуван за наркотрафиканство туку за учество во тепачка.

Ај се кладиме после емисија ќе видите“ беше дел од втората дебата.

Последната претседателска дебата е најавена за 6 мај.