Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

По целосната реконструкција и нова опрема ставена е во функција Дебарската амбуланта за превентивна стоматологија за деца

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, по целосната реконструкција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, по целосната реконструкција на просториите и набавката на нова опрема, ставена е во функција амбулантата за превентивна стоматологија за деца. 
  
-Цврсто верувам дека грижата за оралното здравје уште од детството е инвестиција за цел живот, а оваа амбуланта е важен чекор во оваа насока. Со целосно реновиран простор, од сопствени средства и од донација, нов стоматолошки стол, стерилизатор и компресор, целосно нови инсталации, оваа амбуланта сега има современи услови за работа, рече Мерсим Колеци, директор. 


 
Изрази посебна благодарност до Рефик Косоврасти, дебранец во САД, кој ги донирал средства за набавка на стоматолошкиот стол, стерилизаторот и компресорот за оваа служба, каде услуга ќе добиваат деца до 14- годишна возраст. 
 
Колеци не го крие задоволството од овој последователен значаен зафат реализиран во болницата во правец на подобрувањето на условите за работа и давање поквалитетни услуги. 
 
Дебарската болница со својата дејност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа, а во итни случаи и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше.