Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

По четири години конечно во функција педијатриското одделение во Општата болница во Охрид

После 4 години конечно почна да работи педијатриското одделение со 24 часовна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 4 години конечно почна да работи педијатриското одделение со 24 часовна работна смена. Се работи за најранливата категорија пациенти, но за да може одделението да функционира со полн капацитет,требаат барем две години додека дополнително завршат специјализација уште 5 доктори.

 Еден од најгорките проблеми во нашиот град,кој што и лично ние го имаме осетено кои што имаме мали деца,сме ги носеле во други градови, во други болници.Овој проблем датира од пред 4 години.Со крајни напори некоја импровизација, најдовме решение. Ја користам приликата да се заблагодарам на колешките и на перосоналот на одделението за педијатерија кои што се нафатија и знам колкава жртва прават за ова да се оствари”- вели д-р Горан Маркоски,директор на Општа болница Охрид

Одделението моментално се потпира на 3-ца специјалисти педијатри,двајца пензионирани доктори се ангажирани како консултанти, а за време на дежурства доаѓа педијатар од охридскиот Здравствен дом.

Реклама

Работиме постојано, фреквенцијата на пациенти е околу 50-тина прегледи дневно.Бројот на прегледи е значително поголем за викенди кога не работат матичните лекари.Најголем број од дечињата ги водиме преку дневна болница.Имаме зголемена фреквенција на пациенти во тек на ноќните часови ,после 22 часот -вели  д-р Македонка Митреска Наумоска раководител на педијатриското одделение

Во септември биле извршени над 1000 прегледи и 20 хоспитализации.Директорот на болницата од петни жили се обидува да не стави клуч на одделенијата и дефицитот на доктори го покрива со ангажман на доктори од скопските клиники.Критично е на урологија, физикална терапија и инфективно каде од 1-ви ноември ќе се воведат повторно дежурства. Десет лекари специјалисти само во една година заминале од охридската болница-едни во пензија,други во приватните клиники. По систематизација на работни места охридската болница треба да брои 580 до 600 вработени, а во моментов работат 86 помалку.Потребно е време за целосно екипирање на болницата со кадар. Но не е проблем само Охрид,македонското здравство генерално,со децении е на колена,вели директорот на болницата.

Инаку за потсетување поради недостаток на кадар на педијатрија до сега немаше дежурства,се вршеа само амбулантски прегледи до 20 часот.За викенди и останатото време болните дечиња се упатуваа во струшката болница,бидејќи немаше нити хоспитализации. Шокира фактот дека 15 години не бил пуштен доктор да специјализира педијатрија.