Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

По блокадите на влезот во депонијата, Kочани затрупано во ѓубре- градоначалникот повика на разум

Kочани се затрупа во ѓубре и ќе биде потребен месец дена, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Kочани се затрупа во ѓубре и ќе биде потребен месец дена, за  контејнерите целосно се исчистат и  градот повторно се врати во нормала. Ваква е сликата откако трети ден граѓани кај селото Бели, кое во непосредна близина до депонијата ги блокираат камионите кои депонираат смет. Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, повика кај граѓаните да преовладее разумот  и да дозволат кочанските камиони да депонираат сметот. Според него, единствен излез од состојбата е изградбата на регионалната депонија

   „Овие четири дена имаме сериозни активности и мислам дека ќе донесат резултати. Основното барање е да не чади депонијата. Во суштина ние тоа го правиме. Огромни количини на земја се нанесени на површината, отпадот кој гореше е потрупан и покриен со земја. Тековните количини кои се затекоа се складирани на соодветен начин, третирани и покриени со земја„ изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Но полните контејнери се проблем и за Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, општини кои за 50% ги зголемија количините на отпад кои се депонираат на кочанската депонија. Денеска градоначалниците  и директорите на комуналните претпријатија на овие општини на итен состанок,  бараа решение на проблемот.. Виница ќе бара од Советот дозвола да се реактивира старата депонија  кај селото Лески.

Реклама

Во меѓувреме граѓаните не отстапуваат од своите барања. Иако велат дека состојбата со депонијата  во изминатите неколку денови е драстично подобрена, граѓанскиот отпор ќе продолжи се додека  целосно  не се затрупа и дислоцира депонијата

  „Времетраењето на граѓанскиот отпор ќе зависи од влогот на локалните, но и на државните органи. Апелираме и до Владата малку посериозно да се свртат кон нашиот проблем и да бидат комплетна поддршка на локалната самоуправа„ изјави Благица Сабовлјевик-Стоименова

   „Јас пешачам од другата страна, во близина на брана Гратче и верувајте таму се чувствува мирисот на запалено, печат очи и ни влијае на здравјето„ изјави Моне Ѓеоргиев

Тендерот за изградба на регионалната депонија е распишан 18октомври и според најавите откако ќе се избере операторот којшто ќе гради, истата треба да биде готова за две години. 

Поради лошата состојба и постојаното палење  на градската депонија, од општина Кочани, најави 24часовен надзор, како и третман со морски агли, кој во минатото се покажа како ефикасен.

https://www.youtube.com/watch?v=xr58LlqqMM8