Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

По 26 години завршен постмониторинг дијалогот на Советот на Европа со Македонија

По повеќе од две и пол децении под лупа, Македонија конечно излезе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од две и пол децении под лупа, Македонија конечно излезе од постмониторингот на Советот на Европа. Парламентарното собрание во Стразбур со резолуција оцени дека државава направила напредок во демократијата, владеењето на правото и човековите права, а од сега ќе се следи како и другите земји-членки, преку редовен механизам.

Во резолуцијата се нотира напредокот во клучните демократски стандарди и се признава политичката волја за исполнување на обврските што Македонија ги презеде со членството уште во 2000 година.

За премиерот ова е признание за демократијата која владее во земјата и сите процеси кои ги моноторира Советот на Европа.

Реклама
  • „Пред неколку дена ми беше поставено прашање дали Владата влијае на слобода на медиумите. Еве еден најголем демант за квалитетот на демократријата, слободата на говорот… Јас сум благодарен за тимската работа. Ова е уште една добра вест… а во следниот период ќе има уште многу добри вести.. Советот на Европа вели дека Македонија е зрело демократрско општество, владее правото, нема замолкнување на слободна новинарска мисла, и таа држава е зрела за разлика од другите држави во Западен Балкан вклучително и фронтранерите“ ,рече Мицкоски.

Усвоената резолуција е заснована врз извештајот на Сибел Арслан од Швајцарија и Џозеф О’Рајли од Ирска, при што Советот ги поздрави мерките што властите во Македонија ги презедоа за реформа на судството и обвинителските служби, како и работата на владата на предлог-законите за Судскиот совет, Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители.

Усвоениот текст го истакнува и брзото формирање на коалициската влада по парламентарните избори во мај 2024, која покажала „политичка волја и посветеност целосно да ги исполни своите обврски преку нејзината континуирана соработка со телата на Советот на Европа, вклучително и Венецијанската комисија“. Советот ги повика властите да го реформираат Изборниот законик со спроведување на преостанатите препораки на Венецијанската комисија и ОДИХР на ОБСЕ.

Во работата на јануарската сесија учествуваше и македонската парламентарна делегација, предводена од заменик-шефот Иванка Василевска, заедно со пратениците Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Пратечниката Василевска оцени дека одлуката е јасен сигнал од Европа, посочувајќи ги фер изборите, мирната смена на власта, изборот на првата жена претседател и резултатите во борбата против корупцијата, кои, како што рече, се потврдени и од ГРЕКО.

Со ова завршува 26-годишниот процес на следење на исполнувањето на обврските преземени од земјите-членки според условите на Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и сите други конвенции склучени во рамките на Организацијата на кои се обврзале земјите-членки.