Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

  По 12 години работа во охридската болница, Виолета остана на улица

Доведена до раб на егзистенција,без никакви услови за живот,после 12 години работа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доведена до раб на егзистенција,без никакви услови за живот,после 12 години работа во охридската општа болница 49 годишната Виолета Тодороска остана без работа.Како куче ме избркаа од работа,иако 12 години од кои 6 волонтерски работев како болничар,префлувајќи ме од едно на друго одделение, за на крај последните две години да завршам како помошен технички персолан,односно перач. Никогаш не проговорив нити збор ,голтав јадови,но не се спротивставив и ревносно си ги извршував задачите се до 28-ми август лани.После семејната трагедија и загубата на сопругот,лошото не бира, со нарушено здравје и низа болест два месеци бев на боледување.Кога требаше да тргнам на работа, паднав за што поседувам и медицинска документација.Свесна дека деновите од боледувањето изминуваат,останав дома да мирувам 3 дена, а потоа се вратив на работа. Иако ми ветија дека ќе ме казнат затоа што на време не сум се појавила на работа,сепак ме избркаа,со солзи неутеша раскажува Виолета.

 “За мене е нечовечно, јас ништо не барав од нив, јас барав само да бидам на работа,да си го печалам лебот и да ми се варти мирот во душата што го имав.Јас сега не сум спокојна, ме оставија без струја, без дрва и без храна.Ми дават комшиите,кумовите, мајка ми и таа е под кирија и таа ми поддава нешто и од тоа се крепам јас”-вели Волета Тодороска,болничар

Решението со кое се раскинува договор за враборување го добила на 16-ти ноември,а истото било потпишано на 11-ти ноември.Што значи 6 дена одев на работа,не знаејќи дека всушност сум отпуштена, вели Виолета.Сепак успеала во последен рок да поднесе жалба, но попусто.

Реклама

“Јас спред мене мислам дека се партиски работи,така и ме гледаа мене.А јас не гледам партиски никого на работнио место.Јас дадов и жалба на решението јас ден денес еве 3 месеци изминаа ,немам одговор на жалбата.Отидов да ја барам ми рекоа не е собран одборот да ја види жалбата, а кога ќе биде не знаеме ми рекоа”-вели Виолета

Таа сега живее во мрак,сред зима во мизерени услови, без струја.Се грее од дрвата кои и ги доенеле добри луѓе.Боледува од дијабет,има тромбоза,висок притисок и други болести за кои нема пари да купи лекови.Виолета моли да се врати на работа,дали има услови за тоа, се обидивме да стапиме во контакт со раководството на болницата,но без успех.Инаку во образоложението од отказното решение стои дека договот за работа се раскинува затоа што Виолета неоправда изостанувала од работа три последователни работни дена.

https://www.youtube.com/watch?v=OjOnnxv-IB8

Росица Голабоска