Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Плевнеш: Балканска дисциплина балканофилија, политички елити го претвораат Балканот во индустрија на омраза

Политички елити го претвораат Блаканот во индустрија за ширење омраза. Драматургот Јордан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политички елити го претвораат Блаканот во индустрија за ширење омраза. Драматургот Јордан Плевнеш во гостување на бугарскиот национален сервис отворено зборува за методите кои ги користат балканските политичари, со цел поголем успех на избори. Пред почетокот на изборната кампња во Бугарија, тој предупредува на опасноста од пропагандата.

-Афирмирам една дисциплина што е многу ретка на Балканот, се вика балканофилија, бидејќи политичките елити го претвораат Балканот со политички методи во индустрија на омраза и тоа им носи гласови на избори. Тоа уште Гогољ во „Мртви души“ го кажал, дека и мртвите души ќе гласаат ако има добра пропаганда, вели Плевнеш.

Според Плевнеш тоа е најмалку потребно, особено во овој регион, бијдеќи сите балкански народи се блиски меѓу себе.

Реклама

-На Балканот има нешто што ги поврзува сите балкански народи, тоа е вика мислата дека окован во тело духот растеше како цвет во камен и тоа ги поврзува сите балкански народи, тоа е балканската цивилизација. Затоа Кирил и Методиј рекоа цивилизација на љубовта, вели Плевнеш.

Инаку, поради прифатениот Француски предлог од страна на власта предводена од СДСМ и ДУИ, Македонија во моментов е блокирана на европскиот пат, поради уцените од страна на Бугарија и не може да ги отпочне преговорите за членство во Европската Унија.

Матеја Петровски