Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел.

Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања.

– Мило ми е што се сретнав со премиерот на Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергентите. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива – напиша Пленковиќ.

Реклама

Тој и Мицкоски учествуваат на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, во чии рамки треба да се одржи и самит на лидери.

Мицкоски, синоќа, на својот фејсбук-профил, информира за средбата со хрватскиот колега, нагласувајќи дека актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива биле во фокусот на разговорите.

Kryeministri Hristijan Mickoski, në kuadër të vizitës së tij në Bruksel, u takua me homologun e tij kroat, Andrej Plenkoviq, në margjinat e Kongresit të Partisë Popullore Evropiane.

– На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамките на европското семејство – наведе Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој со партиска делегација е во Брисел до 20 март, ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.