Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Планинарскиот клуб Љуботен в недела организира тура до месноста Лешница на Шар Планина 

По повод 101 година од формирањето на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 101 година од формирањето на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово на 22 март, недела се организира планинарски поход до месноста Лешница на Шар Планина. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават заклучно со петок 20 март. 

Програмата предвидува во недела од 7:00 часот – поаѓање со комби превоз, пред просториите на Планинарски клуб „Љуботен“ – Тетово кон село Бозовце, од каде почнува пешачењето кон Долна Лешница. Се очекува во 10:30 часот пристигање на Лешница и краток одмор, па потоа посета на кадите на Кривошијска Река, а од 14:00 часот – тргнување кон село Бозовце. 

-Исхраната е во сопствена режија индивидуално предвидена за планинарска тура до 8 часа. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема. Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција. Сите индивидуални лица кои сакаат да учествуваат на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб или организирано здружение, информират од ПК Љуботен. 

Реклама

Пријавувањето за учество на турата може да се изврши со пополнување на формулар, најдоцна до 20.03.2026 год. (петок) до 19:00 часот на електронската пошта: [email protected]