Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Планинари-алпинисти од ПЗ „Трескавец“ го освоија „Триглав“; порачуваат – планините треба да се чуваат, а не да се уништуваат

Додека македонските планини со недели немилосрдно ги пеплосуваат огненените стихии, најчесто предизвикани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека македонските планини со недели немилосрдно ги пеплосуваат огненените стихии, најчесто предизвикани од човек, и каде речиси два месеци единствени „посетители“ се само луѓето кои со натчовечки сили деноноќно се борат со огромните пламени јазици, група од 20-тина планинари-ентузијасти од новоформираното Планинарско здружение „Трескавец“ од Прилеп, неодамна го освои словенечкиот планински врв „Триглав“.

  „Врвот е на надморска висина од 2.864 метри. Искачувањето траеше два дена. Првиот ден имавме негде 7 часа пешачење до Домот „Планика“ каде спиевме, а другиот ден не’ очекуваше потешкиот дел на искачувањето, значи карпестиот, алпинистичкиот дел до врвот. Кога тргнавме времето беше иделано, но како одевме нагоре имаше густа магла, поверемно и налети на ветар од над 80 км на час“, – раскажува Христијан Секулоски, претседател на ПЗ „Трескавец“, Прилеп.

  Не криејќи ја својата восхитеност од она што го виделе и доживеале таму, иако временските услови не им биле баш наклонети, овие пасионирани вљубеници во планината, горди на својот подвиг, велат дека ние уште многу треба да учиме за тоа како се чува и сака природата, а особено помладите генерации.

Реклама

 „Да ја почитуваат планината како што тие сакаат нив да ги почитува природата. Да ја најдат таква, а и да ја остават таква каква што ја нашле, и уште подобра, затоа што ваму, во Словенија, на Триглав видовме нешто преубаво и убаво е и кај нас да биде така, да се потрудиме и да дадеме придонес кон сето тоа затоа што и ние сме дел од таа природа“, – вели Слободан Димоски, долгогодишен планинар-алпинист.

 „Мојата препорака е до сите млади, како и повозрасни луѓе да уживаат, да ја засакаат планината, да освојуваат врвови, да ја канализираат нивната негативна енергија и да се полнат со планинската позитивна енергија и да го извадат својот стрес, и да ги наполнат батериите затоа што нема ништо подобро од позитивна енергија, чист воздух, планина, природа и да се синхронизираат 100-процентно со природата“, – рече Ангела Петрушеска, планинарка.

  Според Стефан Петејчук од ПЗ „Трескавец“, тие се особено задоволни што од после Короната, кај нив постојано има прилив на млади луѓе кои ја сакаат и почитуваат планината и кои се подготвени да ја зачуваат таква каква што е и со сите сили да се борат против нејзиното уништување. Ова, најмногу преку подигањето на колективната свест.