Реклама
Македонија

Плакета од Армијата за градоначалникот на Кавадарци

Плакета од македонската Армија, добил денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, информираа попладнево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плакета од македонската Армија, добил денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, информираа попладнево од неговиот кабинет. 

– Во рамките на денешната средба помеѓу градоначалникот Митко Јанчев и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал-мајор Сашко Лафчиски, му беше доделена плакета на Армијата на градоначалникот Митко Јанчев. Плакетата, доделена по повод Денот на Армијата, претставува признание за несебичното залагање и огромниот придонес кој Јанчев континуирано го дава кон Армијата, не само како градоначалник на општина Кавадарци, туку и како општествено одговорна личност, соопштија од кабинетот на градоначалникот.