Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Писмо на Палчо: Нема никакви докази дека сум бил на местото на настанот или дека сум бил во возилото рено „кангу“

Обвинителите наводно не докажале обвинетиот убиец на малата Вања бил во автомобилот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителите наводно не докажале обвинетиот убиец на малата Вања бил во автомобилот Рено Кангу, возилото во кое според истрагата седел првообвинетиот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо. Ова го тврди тој самиот во писмо од Шутка, кое се споделува по социјалните мрежи а го пренесува и партијата Десна на својата ФБ страница. Обвинетиот за двојното убиство се правда и тврди дека речиси една година траела, како што пишува – „голема лага за еден голем злостор“. Палевски прстот го вперува во екс министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски за кои тврди дека кажувале лаги, а медиумите ги пренесувале.

  • Послушниците на Гаврил Бубевски НЕ го докажале присуството на осомниченото возило на местото на настанот, НЕ докажале МОЕ присуство на местото на настан, НЕ докажале присуство на ПАЛЧО во Рено Кангу кое е осомничено возило и многу, многу интересни докази, но и искази во ОЈО, како осомничено лице 24 часа Е ТЕПАНО, со експлицитна наредба да каже дека Палчо ја убил Вања. ДА, ДА, искази во ОЈО запишани, со прецизен опис на ќотекот! Во име на ЗЛОСТОР секој ден правите уште поголемо ЗЛОСТОРСТВО затоа што ја убивате правдата, вистината, снимени се инспекторите како со главата на обвинет направиле дупка во ѕидот на полициската станица, бруко новинарска“, пишува во писмото објавено на социјалните мрежи а потпишан е Палевски како автор.

Палевски и пред судот тврдеше дека е невин а тоа и ќе го докажува во судската постапка која треба да почне во петок. Со кои докази ќе го стори тоа не кажа кога го прашуваа новинарите пред скопскиот Кривичен суд. До тогаш ќе објавува писма – 4 продолженија преку порталот „Буревесник“, а ги пренесува и неговата партија Десна. Тој ќе седне на обвинителна клупа како главен креатор и реализатор на двојното убиството – на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес. Заедно со него обвинети се и тројцата негови соизвршители во убиствата Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски како и такото на Вања – Александар Ѓорчевски кој е обвинет дека давал информации за траекторијата на движење на неговата ќерка.

Телата на Вања и Панче беа пронајдени на почетокот на декември минатата година, а неколку дена подоцна како првоосомничен Палевски беше уапсен во турскиот град Беликесир. Во мај годинава заврши во Шутка откако Турција го испорача до македонските органи.