Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Пирова победа на ДУИ: Разликата од само 30.000 гласови над „Вреди“ треба да е причина за загриженост, а не за прослава

ДУИ удри тапани и зурли за тенка победа над „Вреди“ . Иако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ удри тапани и зурли за тенка победа над „Вреди“ . Иако Бујар Османи води во дури 15 општини, сепак разликата е многу мала . Практично „Вреди“ на изборите на осми мај може да ја намали таа разлика и да направи пресврт. Вчерашните резултати покажуваат дека гласачите албанци од Македонија се ослободија од стравот дека ДУИ е непобедлива

 Според поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, ваквиот резултат е очекуван и Али Ахмети ребало да е свесен за ова уште  кога Таравари го напушти. Според него веќе е јасно како ќе се движат резултатите на парламентарните избори и како ќе изгледа новата Влада по тримфот на ВМРО – ДПМНЕ низ целата држава.

Албанската опозиција со овие резултати од над 80 илјади гласови за Арбен Таравари е пред ДУИ. Туку таму се работи за коалиција со други партии ромски, турски, бошњачки итн.  И тие гласови на албанци што гласале за ДУИ до еден, бројката е рамна на таканаречени администратори кои платата на некои од нив им стига дома , а овие 83 илјади гласови тоа се луѓе кои не живеат од буџетските пари. Според тоа апсолутно парламентарните избори системот , начинот, организацијата е поинаква таму не ќе може да се соберат од Европскиот фронт , Али Ахмети требаше да е свесен кога го избрка , никој не претпоставувал , а сите сме знаеле дека се создадени услови дека претстои една права катастрофа со триумфот на ВМРО низ цела Македонија, вели Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии.

Реклама

Според Хајредини, во моментов во Македонија се создадени услови обединетата албанска опозиција да влезе во парламентарното мнозинство. Таква можност најави и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски при обраќањето по првиот круг претседателски избори.  Тој на Таравари му честитал на резултатот и му посакал, како што рече, идна Влада во Македонија

„Вреди“ може да биде дел од владата дури и да има помалку пратѕеници од ДУИ бидејќи Правилото победник со победник е прекршено одамна, смета Хајредини. Според него, не би имало никаква пречка после 20 години ДУИ да замине во опозиција.

Им овозможи некој со 10 отсто пратеници да ја водат политиката , сосема е нормално сега на  парламентарните избори опозицискиот албански блок може да има и повеќе и да има и помалку, пак дефинитивно е дека ВМРО, апсолутно не е можно да ги викаат , не се им ни потребни, смета Хајредини.

Инаку, симпатизери и поддржувачи на ДУИ,  по тенкото мнозинство на Османи над Таравари синоќа се насобраа да слават на плоштадот Скендербег, а во меѓувреме кордон полиција го обезбедуваше  штабот на ВРЕДИ кој се наоѓа на самиот плоштад. Според првичните резултати   Бујар Османи освои 120.903 гласа, а Арбен Таравари 83 356.