Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Пијан возач од Гевгелија удрил во заштитна ограда на обиколницата Богданци

К.Ш. (29) од Гевгелија ќе добие пријава од полицијата за безобѕирно управување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

К.Ш. (29) од Гевгелија ќе добие пријава од полицијата за безобѕирно управување со моторно возило откако под дејство на алкохол удрил во заштитна ограда на коловозот на обиколницата Богданци, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, рано утрово во 03:46 часот на обиколница Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода К.Ш.(29) од Гевгелија.

-Претходно, во 03:15 часот, тој со товарно возило „фолксваген крафтер“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал изгубил контрола и удрил во заштитна ограда. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,5 промили алкохол во крвта, се наведува во полициското соопштение.

Реклама

Се додава дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.