Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Петрушевски: Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси?

Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси? Бојко Борисов своевремено сам кажа дека лично ја помогнал опцијата на Зоран Заев за доаѓање на власт.

Од тогаш до сега во СДСМ ништо не е сменето, тоа што функционирало со Заев, функционира и со Филипче, затоа што првиот е ментор на вториот, изјави денеска на прес-конференција, пратникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението. Ако тоа го направиле еднаш и знаеме како заврши, тогаш што сега ќе добие СДСМ за бонбона бизнисот со Бугарија?

Таканаречената Резолуција која ја брендираа со таканаречени црвени линии не се ништо друго, туку Тројански коњ за измама на народот. Но едно забораваат, народот нема да падне на нивните лаги, ниту можат повеќе да го лажат.

Реклама

Граѓаните видоа што се вистинските намери на СДСМ и затоа жестоко ќе ги казнат на овие избори.