Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

Правдата го добива своето место. По една и пол година бегство, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правдата го добива своето место. По една и пол година бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДСM и ДУИ. Артан Груби, кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДСМ и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби, достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните.

Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на „Државната лотарија“, освен што местеле милионски тендери, е исплаќањето аванси на деловни соработници.

Реклама

За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДСM, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник.

Груби крадеше, СДСM молчеше и одобруваше.

Сега е време на одговорност.

Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој што згрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата.