Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Петрушевски: Трпе Деаноски од чланарините на синдикалците организира луксузни екскурзии на Јадранот

Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ и член на претседателството на ССМ преводено од Слободан Трендафилов, организираше спортски игри кои траеле 4 дена во Чањ, Црна Гора и за кои биле потрошени 60.000 евра, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Раководството на ССМ целосно го има изгубено компасот и не живее во реалноста, затоа што Деаноски наместо борба за работниците и заштита на работничките права, тој по стапките на Трендафилов се повеќе се оддалечува од базата и од народот.

За учество на спортските игри на УПОЗ мора да бидете дел од синдикатот.

Реклама

Од разочарани членови на синдикатот дознаваме дека предност добивале синдикалци членови на СДСM.

Деаноски веднаш да одговори, дали се наградени оние кои протестираа со него и Трендафилов на луксузните спортски игри во атрактивното место Чањ во Црна Гора вредно над 60.000 евра?

Деаноски по примерот на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, се повеќе се оддалечува од работниците и почнува да живее на сметка на синдикалците, а доказ за тоа се ваквите луксузни игри на Јадранот.

ССМ и УПОЗ се повеќе губат членови, а доколку продолжат по овој терк, ќе станат само групација на привилегирани.

Почитувани,

Работниците во Македонија заслужуваат чесно и одговорно синдикално претставување, а не синдикални функционери кои од нивните чланарини прават луксузи.