Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Петрушевски : Синдикални пари за луксуз во странство, Деаноски од УПОЗ потрошил над 60 илјади евра во Црна Гора за спортски игри

Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски одлучил парите на членовите на синдикатот да завршат во странство, во атрактивна туристичка дестинација на Јадранот.

Со години, синдикалните претставници се претставуваат како заштитници на работниците и гласни критичари за економската состојба во државата. Но, зад таа реторика, раководството на УПОЗ, предводено од Деаноски, очигледно немало проблем да троши огромни суми за луксуз, патувања и спортски настани надвор од Македонија.

Реклама

Особено загрижува фактот што станува збор за средства обезбедени од чланарините на синдикалците, луѓе кои секој месец издвојуваат дел од својата плата со очекување тие пари да служат за заштита на нивните права, а не за раскошни патувања и туристички аранжмани.

Ова е уште еден доказ за двојните стандарди на дел од синдикалното раководство на ССМ, едно зборуваат пред јавноста, а сосема поинаку се однесуваат кога располагаат со парите на своите членови.