Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: СДСM и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат

СДСМ и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ССМ се повеќе ја губат и онаа мала поддршка од граѓаните, обидите за манипулација на работниците не им поминуваат. Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДСМ, кои со партиски маички беа во првите редови, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Автобусите во организација на лица од СДСM, кои патуваа празни за Скопје се доказ дека протестот на ССМ беше неуспешен.

Со ова, се докажа дека работникот не го поддржува овој политички театар на СДСM и ССМ, и довербата ја губат се повеќе.

Реклама

ССМ предводено од Трендафилов, свесно оди во заштита на интересите на СДСM, а не на заштита на правата на работникот.

Трендафилов и оние неколкумина од врвот на ССМ, работат директно во интерес на СДСM и нивните политики, а со тоа имаат за цел да и наштетат на Владата, која дава се од себе и ги зголемува платите и правата на работниците. 

Вистинските работници членови на ССМ, се повеќе се прашуваат дали се дел од вистински синдикално здружување или се дел од политичката партија СДСM. Но, и во двата случаи, ни едните ни другите не работат во нивен интерес.

ВМРО-ДПМНЕ останува вистински партнер на работникот.