Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Петрушевски: СДСM и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување

СДСM и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега. Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

СДСM и Филипче целосно се ставија во заштита на приватни бизнис интереси. Се утепаа од лажење да заштитат профит на блиска фирма.

Ако сега тендерот за обезбедување ќе се извршува по цена пониска за половина милион евра, тогаш логички е да се запрашаат и ЈО и останатите институции каде оделе тие пари до лани.

Реклама

Оттука го повикуваме ЈО веднаш да отвори истрага како до лани услугата обезбедување е плаќана половина милион евра повеќе.

ЈО мора да даде одговор на легитимната дилема дали половина милион евра кои ги наплаќала до лани фирмата за обезбедување завршувале дел во СДСM, а дел кај тандемот Зечевиќ-Ковачевски, и претходно кај Заев?

За разлика од тоа како до сега. Со тендерот за избор на најповолна понуда за обезбедување е овозможена конкуренција и е засилена заштитата која ја добива државата во случај на неисполнување на задачите или нивно неквалитетно извршување, што е поткрепено со банкарска гаранција која фирмата добитник на набавката мора да ја издаде, а е во висина од 20 милиони денари.

СДСM може само да гледаат како се работи домаќински и да ги бројат загубите на криминалните приходи кои до лани им течеле. А одговорност за секој еден криминал ќе има, порача Петрушевски.