Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Петрушевски: Сакаме компромис за ЕУ кој ќе ни донесе предвидлив пат

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа, го коментираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата, пред 81. Генерално собрание на ОН во Њујорк, кое беше пренесено во програмата на телевизијата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се потврди нашата геополитичка ориентација, стратешкото партнерство со НАТО, САД и ЕУ. Во делот на евроинтегративниот процес на Македонија, ние не бараме полесен пат, ние бараме предвидлив пат заснован на мерливи правила и критериуми“, рече тој.

Како една од важните пораки од ова обраќање, Петрушевски ја издвои тезата дека легитимитетот извира од граѓаните, а не од политичката функција. Во тој контекст, тој ја посочи Македонија како пример за процес во кој, како што наведе, во минатото биле исполнувани бројни барања и биле правени промени во име на европската иднина, но без да се обезбеди предвидливост на патот кон ЕУ.

Реклама

„Македонија е еклатантен пример. Во минатото, историски ако гледаме, сме исполнувале многу барања, сме менувале многу работи, се во име на таа европска иднина, но никогаш не доаѓа, туку напротив, доаѓа ново барање. Сега имаме премиер кој цврсто пред сите во Њујорк рече дека сакаме компромис, но компромис којшто ќе ни донесе предвидлив пат, а не компромис којшто ќе ни донесе уште едно барање, и мислам дека тоа е најголемата силина на овој говор“, истакна Петрушевски.

Тој се осврна и на делот од говорот за заложбите Македонија да стане посилна држава, со ефикасни институции, владеење на правото и конкурентна економија,а го издвои и делот од говорот посветен на модерните технологии, дата центрите и вештачката интелигенција,

„Во делот на модерните технологии, дата центрите, вештачката интелигенција, поврзувајќи го тоа со еден современ суверенитет, тоа не значи изолација, туку силна економија веќе станува дел од една национална безбедност и силна економија значи и поголем суверенитет“, кажа Петрушевски.