Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Петрушевски: Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДСM делуваат заеднички

На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме. Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДСM делуваат заеднички и дека и едните и другите се немоќни и само си се надополнуваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.

Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДСM. Обележјата на СДСM и промотивниот материјал може да го видите и вие на фотографиите зад мене. 

Почитувани граѓани,

Реклама

Ова е само доказ дека синдикалците не се организирале сами, дека на синдикалците им помагале локалните штабови на СДСM. И тоа им помагале во целата организација на вчерашниот протест. Им помагале лица на СДСM од Куманово, Тетово, Струмица и слично. 

Настанот вчера беше само доказ дека има равенство помеѓу ССМ и СДСM, односно дека ССМ и СДСM се едно исто. Во конкретниов случај ССМ и СДСM ги злоупотребуваат работниците и нивните права само да бидат видливи на општествената сцена. 

Да нема забуни, ВМРО-ДПМНЕ постојано стои зад работниците и нивните права. 

ВМРО-ДПМНЕ прави се што може за да се подобри стандардот на секој еден граѓанин. 

ВМРО-ДПМНЕ го почитува правото на работниците да протестираат и да ги бараат своите работнички права, меѓу кои и повисока плата. 

Но, ова што се случува не е протест на работници, не е протест за работнички права. Ова е игра на ССМ и СДСM да бидат видливи како фактор на пошироката општествена сцена, игра посебно на СДСM која како партија сигурно се движи кон пропаст. 

ВМРО-ДПМНЕ само сака секој да може да ги реализира своите права, а не да биде употребуван или злоупотребуван од различни центри, како во случајов од СДСM и ССМ.