Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Петрушевски: Очекувам убедливата победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уште посилно да се рефлектира во вториот круг 

Пратеникот Бране Петрушевски зборуваше за очекувањата од вториот круг од градоначалничката трка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Бране Петрушевски зборуваше за очекувањата од вториот круг од градоначалничката трка за локалните избори 2025 година, пришто посочи дека очекува голема, убедлива победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ, односно како што кажа тој можеби најуверлива победа на локални избори на една политичка партија.

„Очекуваме она коешто се случи во првиот круг, а тоа е една убедлива, голема победа на кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ, уште посилно да се рефлектира во вториот круг. Генерално онаму кадешто сме во вториот круг сме победници на прво место, со огромна разлика во гласови којашто во најголемиот дел од општини е реално ненадоместлива со било какви калкулации. Меѓутоа ние сме активни на терен, активни помеѓу граѓаните ја пренесуваме нашата визија, нашата идеја за општините, оној прием којшто го добиваме од страна на граѓаните е уште поголем, со поголема енергија, така што очекувам да ја финишираме оваа изборна трка со уште една уверлива можеби и најуверлива победа на локални избори на една политичка партија“, вели Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски ги искажа и своите очекувања од вториот круг за градоначалничката трка за градот Скопје и истакна дека очекува уверлива победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје, бидејќи разликата во гласови е огромна и истата е во полза на Ѓорѓиевски.

Реклама

„Таа разлика, таа уверлива победа, па и таа енергија или бран од првиот круг ќе се пренесе сега и во вториот круг и јас очекувам солиден раст на гласовите на Орце Ѓорѓиевски во вториот круг, прашањето е само колкава ќе биде изразена таа победа и колкави ќе бидат потоа очекувањата на граѓаните, и тука мораме да испорачаме како што сме испорачувале во минатото во оние други општини кадешто имавме свои градоначалници коишто повторно го добија својот мандат. Се надевам дека Орце ќе има една низа на мандати, а тоа ќе значи една низа на реализирани проекти за скопјани што ќе им го подобри животот“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи зошто Ѓорѓиевски е вистинскиот избор за скопјани и ја искажа својата увереност дека со доаѓањето на Ѓорѓиевски на градоначалничката позиција на градот Скопје, скопјани ќе ја почувствуваат разликата од неговото управување со градот, уште во првиот месец, споредбено со она што беше до сега.

„Орце е работник, Орце е докажан како човек кој знае да реализира проекти, да работи, да решава проблеми, народен човек, човек којшто е нон стоп меѓу народот и сум цврсто убеден дека уште во првите неколку недели или месец дена од неговиот мандат ќе се почуствува огромна разлика помеѓу она што значи политичар којшто е од народот, којшто е работник и којшто знае да работи vis a vis она што сме го гледале претходно“, посочи Петрушевски.