Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Петрушевски: Му порачуваме на Филипче да не се грижи за Македонија, прво нека ги консолидира страстите во опозицијата за СДСМ да застане на нозе 

Талогот од СДСМ и контаршот Венко Филипче речиси секој ден ги слушаме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот од СДСМ и контаршот Венко Филипче речиси секој ден ги слушаме како повторуваат само едно – ние сме против. И така повторуваат дека се против нови индустрии и дата-центри, против рудници, против антимон. Потоа ги слушаме како се загрижени, сега за како што велат новото задолжување. Во оваа прилика ќе им порачаме дека нема потреба да се грижат и нека погледнат каква е големата слика во економијата, изјави на денешната прес конференција Бране Петрушевски. 

Во тој контекст ќе ги потсетиме на некои бројки. Во првите осум квартали по доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти. Во првите осум квартали на актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечниот раст изнесува околу 3,55 проценти. И последниот официјален податок, дополнително ја потврдува позитивната динамика во економијата или во вториот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП достигна 4,3 проценти.

Оттука да му порачаме на контрашот Филипче и талогот во СДСМ, немате простор за грижа, се е под контрола и се движи во нагорна линија кога станува збор за развојот на државата и економскиот раст.

Реклама

Филипче засега нека размисли како да ги смири страстите во опозицијата, ако воопшто сака да биде човек кој води сериозна партија, бидејќи вака СДСМ се движи кон пропаст.